„Шеесет приказни општо за животот“, најнова книга од Иво Петровски

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави книгата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски. Ова е втора книга на младиот прозаист и автор на сценарија за кратки филмови.

Книгата е проследена со краток поговор од Звонко Танески, кој истакнува дека Патровски ги слика малите луѓе и низ својата постапка постигнува актуелна сатира.

– Стилот на раскажување е уметнички вешт, речиси до крај непредвидлив и доведува до т.н. „внатрешно отрезнување или разобличување“ на поединецот. Мошне често и имињата на главните јунаци се предадени во деминутивна форма, а и просторот на нивно маневрирање е многу пати фиктивно врамен што сведочи за тоа дека оваа проза е во таа смисла и надвременска и може да претставува слатко четиво за книжевни сладокусци…, пишува Танески.