Шеесет и четиригодишен маж паднал од мопед, со повреди пренесен на клиника

Шеесет и четиригодишен маж со иницијали Ј.Н. управувајќи мопед ја изгубил контролата и паднал на коловозот.

Несреќата се случила вчера попладне на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Мажот се здобил со повреди и со друго возило бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му била укажана помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.