Шарпланинец искаса момчиња во ресторан во Скопје

Околу 15 часот,37-годишниот А.Ш. и 26-годишниот Д.Т.  од Скопје, пријавиле дека околу 11.45 часот биле нападнати од куче шарпланинец во ресторан во село Кучково, скопско.  

Притоа, двете лица се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември".  

Исто така, во 20.30 часот, Т.Н.(63) од Австралија пријавил дека во 11.30 часот на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски".