Шаренило од маски, смеа и песна во пресрет на Денот на шегата во Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски преку социјалните мрежи пренесе дел од атмосферата која владее во општината во пресрет на Денот на шегата.

-И годинава децата од градинката „Гоце Делчев“ и нашите основни училишта организираа маскембали и дефиле под маски во училишните дворови, каде децата се маскираа во принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички...

Прекрасна и весела атмосфера, полна со детска смеа и песнички, и секако многу интересни маски, објави Георгиевски.