Шарени тротоари во Карпош

Тротоарите во Општина Карпош ќе станат интерактивни и забавни благодарение на Интернационалната Градинка Пиколини, која како организатор на иницијативата, ќе ги направи тротоарите интересни за минувачите, разиграни за децата.

„Безгрижни деца, тоа е нашата обврска. Појдовме од идејата дека сакаме да разубавиме дел од пешачките патеки кои се полни со бои, креативност и ќе претставуваат игра за сите генерации. Тротоарите ќе добијат нова димензија, интерактивност и веруваме дека ќе бидат прифатени со голем ентузијазам од страна на жителите на Карпош“, изјави Марина Тасков од Пиколини.

Шарените тротоари кои се во план да се изведат во соработка со Општина Карпош, ќе отпочнат да се подготвуваат по завршувањето на Family Open Day, кој ќе се одржи денеска (2. јуни) во периодот од 11 до 14 часот, настан кој го организира Интернационалната градинка Пиколини веќе трета година.