Шанса за Центар: Пак нема пари за вработување на хигиенчарите во општина Центар

Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар реагираат дека во Буџетот на Центар за 2025 година не се предвидени пари за вработување и нормални плати на хигиеничарите. 

- Градоначалникот Герасимовски предложи, а Советот, нормално, изгласа. Нов, „рекорден“ општински буџет. Предизборен.Но и во него пари за вработување на луѓето кои секојдневно ни ги чистат улиците - нема. Тие и понатаму ќе добиваат само хонорари, без пензиско и здравствено осигурување. Ептен сакале да ги вработат ама пари - немало. Можеби со ребаланс ќе обезбеделе. Требало уште да анализираат колкумина да се вработат. Вакви „анализи“ прават веќе трета година по ред, а Герасимовски нивно вработување ветува од почетокот на мандатот, споделуваат од Шанса за Центар. 

Оттаму велат дека тие поднеле амандман на буџетот за тоа.

- Амандманот, нормално, ни го одбија. Што ќе значи вработувањето на хигиеничарите:

- Почитување на законите со кои се утврдува ангажирање на лица и нивно редовно вработување, а со што и ЈП ПОЦ ќе даде позитивен пример за законито работење.

- Секој човек заслужува да го оствари своето право од работен однос согласно законот за работни односи.

-Јавните институции треба да се пример во постигнување на овие права на вработените и пример за сите други приватни компании.

-Борбата со сиромаштијата и социјалната правда (пензиско и здравствено осигурување) е заложба која не смееме да ја заборавиме и институциите треба да се пример за нејзино спроведување, наведуваат од Шанса за Ценатр.