„Шанса за Центар“: Клучни се институционалните мерки за превенција

Предлогот на иницијативата „Шанса за Центар“, за мапирање на запуштњните локации и објекти кај кои има ризик од пожар или загадување на животната средина, но и комуникација со сопствениците одговорни да се грижат за својот имот, пред неколку месеци ја надополни Програмата за активности во областа на превенција, заштита и спасување.

Од Иницијативата „Шанса за Центар, го потенцираат денешниот пожар во близина на Билна аптека, за токму таков пример. Од таму додаваат дека ниту за пожарот кај Треска не е сѐ уште позната причината на пожарот. На нивната официјална страница на Фејсбук, по повод денешниот пожар, напишаа дека институционалните мерки се клучни и системски за да се превенира и учи од претходните грешки.

-И претставници на полициската станица во Центар неодамна искажаа потреба за лоцирање на запуштените локации и објекти кои се важни и за подобрување на безбедноста. Ќе следиме дали вакво мапирање од страна на Општината ќе започне наскоро , а се надеваме на успешна соработка со полицијата за откривање на ризичните точки. Најдобар чувар на своето маало се жителите, па нивните пријави најдобро ќе помогнат за обезбедување точни информации, за превенирање на можни нови инциденти. - напишаа од иницијативата. 

Граѓанската иницијатива изработи и мапа каде во Центар се гради, односно за каде е издадена градежна дозвола. На мапата не се ставени сите локации каде се гради некој објект бидејќи Општина Центар не им ги дава податоците. Заклучуваат дека со ваквата алатка, граѓаните на време ќе дознаат што се планира да се гради и ќе имаат време да реагираат, со цел да може да се намали ризикот од корупција.