Шалтерите на ЈП „Водовод и канализација" утре со скратено работно време

Шалтерите за наплата и за рекламации во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација" утре на празникот Богојавление ќе работат од 07:30 до 15:30, а наплатниот пункт во Сарај нема воопшто да работи, најави прес-службата на претпријатието.

Од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје порачуваат граѓаните да ја искористат можноста за брзо плаќање без провизија со скенирање на QR кодот на фактурите и преку самоуслужните апарати поставени на четири локации: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје и во Ист Гејт на првиот кат, во делот означен за банкомати.

Сите оние кои ќе сакаат да се информираат тоа можат да го направат преку електронски сервиси vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS.