Шаќири за Алфа: Разочаран сум од скандалот во „Орце Николов“, мора да има сериозни промени во образованието

Откако пукна скандалот со примениот испит во „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех, се огласи и министерот за образование.

Дека состојбата во образованието изостанува признава и Јетон Шаќири, кој за Алфа вели дека уписот во гимназијата „Орце Николов“ само ја покажа релната слика на образовниот систем во Македонија, на кој мора сериозно да се работи.

Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите, не сум, разочаран сум од послените случувања во скопската гимназија „Орце Николов“, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат прдвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој ќе функцинира и ќе дава резултати, треба сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби не само со последните случувања во гимназијата „Орце Николов“ туку воопшто во образованието, вели меѓу другото за Алфа министерот за образование Јетон Шаќири.

Извор: Алфа