Шахпаска – Вуцас: Северна Македонија и Австрија продолжуваат со тесната соработка во делот на социјалните услуги и пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Георг Вуцас и австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика, Харалд Фугер. На состанокот, соопшти МТСП,  бил врачен меморандум за разбирање помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Сојузното Министерство за труд социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија, со кој се потврдува натамошната соработка меѓу двете земји во делот на социјалата и трудот.

-Првиот меморандум го потпишавме во 2014 година, ова е втор и ме радува што соработката продолжува. Поддршката којашто ја добиваме од Република Австрија во градењето на демократско општество за нас е многу важна. Успешните проекти и резултати што од нив ги добиваме се доказ дека работите ги движиме во одличен правец, рекла министерката Шахпаска.

На средбата биле презентирани и проектите преку кои двете министерства соработуваат, а фокусот во претходната година беше ставен на размена на искуства за услугите за поддржано вработување на младите во ризик во Република Северна Македонија. Овој тип на соработка продолжува и во наредниот период.

Во наредниот период ќе започне имплементацијата на поголем број проекти на полето на борба против сиромаштијата, заштита и спречување на родово базирано насилство, трговијата со луѓе, како и справување со здравствените и социјалните последици од пандемијата COVID-19 за маргинализираните лица, вклучително и Ромите.

Проектите ќе бидат финансиски поддржани од австриското Министерство за социјални прашања, здравство, нега и права на потрошувачите, а ќе ги спроведуваат австриски невладини организации во соработка со невладини организација од Република Северна Македонија.

-Го следиме вашиот напредок на патот кон ЕУ интеграциите. Република Северна Македонија има сериозен пристап кон ова прашање. Градиме социјално партнерство и веруваме дека од тоа најголем бенефит ќе имаат граѓаните, истакна амбасадорот Георг Вуцас на средбата со министерката за труд и социјална политика. с