Шахин од Бионтек смирува: Без паника и забрзајте ја примената на третата доза

Научникот Ујгур Шахин, основач на Бионтек, апелира светот да не паничи, кога веќе на располагање има поголем избор на вакцини, додека пак Фајзер е една од одобрените за бустер-доза. 

Шахин напомена и дека иако Омикрон веројатно ќе може да ги избегне антителата подобро од Делта, поради поголемиот број мутации во новата варијанта, малку е веројатно дека Омикрон ќе може да го заобиколи имунолошкиот одговор на Т-клетките на телото на инфекција.

Со тоа, се потврдува дека не се само антителата оние кои го формираат имунитетот против заразата, туку постои и онаа клеточна меморија која го активира одбранбениот систем кога ќе препознае секвенци од РНК на вирусот. 

Потсетуваме Бионтек заедно со Фајзер создадоа мРНК вакцина, која се применува во голем дел од светот и која важи за една од највисоко ефикасните и која од неодамна е одобрена и за употреба како трета, односно засилувачка доза.