Сфатив дека сум престара за овие работи...

Повеќе од половина живот го поминав мислејќи на тоа што мислат погрешните луѓе. Сега кога веќе наполнив 40 години, ги сфатив вистинските вредности на животот. Сфатив дека сум престара за овие осум работи кои цел живот ме влечеле надолу. 

Престара сум за да молчам

Не сакам повеќе да молчам кога некој ќе каже нешто што не ми одговара. Не сакам да климам со глава или да се сложувам со работи со кои не сакам да се сложам. Не сакам да молчам на неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред. Сакам да викам на глас, затоа што животот е прекраток за да се молчи на неправди.

Престара сум за да се грижам како им изгледам на другите луѓе

Веќе со години им завидувам на мажите што не мораат секој месец да се фарбаат за да не им се познаваат белите влакна на косата. Мажите не мораат секое утро да ставаат пудра, ниту се грижат за тоа дека им се гледаат брчките околу очите. Сега сум доволно стара за да знам дека сум убава таква каква што ме создал Бог. Имам брчки, но дури сега сум задоволна со она што сум. 

Она прашање: „Што ќе кажат комшиите?“ веќе некое време не ме допира и фала му на Бога за тоа, затоа што тие луѓе станаа толку неважни во мојот живот, што развив селективен слух за нивните коментари.

Престара сум за да имам ситни мали гревови

Сега сум доволно стара за да имам само „гревови“. Сладоледот секоја недела го преименував во друг „грев“: сладолед секој ден. Па така сега уживам во тие „гревови“ кои не се мали затоа што ги правам речиси цел ден.

Престара сум за неудобна облека

Сега гледам дека ништо не ме ограничува во животот. А моето движење со години го ограничуваа високите потпетици. Не можев да одам со темпото со кое сакав да одам. Секогаш нешто ми создаваше неудобност. Сега носам само рамни чевли и тоа е тоа!

Престара сум за да се извинувам за хаосот

Има денови кога раскревам по дома и навистина ми е хаос. И престара сум за да се извинувам за тоа!

Престара сум за да натрупувам работи дома

Повеќе не собирам и не чувам ништо. Ако на време не почнев да фрлам стари хартии, кутии и да се ослободувам од непотребна гардероба, досега немаше да има место за мене во мојата куќа. Спомените ги чувам исклучиво во главата. 

Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зошто да трпам секакви луѓе кои не ми одговараат? Имам доволно години за да знам кој ми годи, а кој не. Оној кој не ми одговара ќе го држам подалеку од мене. 

Престара сум за да пронаоѓам добро во секој човек

Зошто да си го губам времето? Не се сите луѓе добри. Тоа е многу едноставно. Ако некој направил нешто лошо, нема шанси да го оправдувам. Делата зборуваат повеќе од муабетите. Сега сум доволно стара за да се збогувам и да продолжам понатаму.