Сфатете, најзагрозени се младите, единствен сигурен приход во оваа земја е пензијата

-Во оваа наша земја во најголема опасност од без парица се младите, а најмлаку загрозени се возрасните. Се знае пезијата секогаш од 1-ви до 6-ти во месецот е легната на сметката на пезионерите. Како и секогаш секој што ќе дојде на власт треба оваа целна група да ја мотивира за да стане потенцијален гласач. Платите, хонорарите..секогаш се под знак прашалник дали ќе стигнат на нашите сметки бидејќи зависи од туѓа милост. И после државата се празни малдите бегаат, вели Марина од Карпош.

Невработеноста е најголема кај младите од 18 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за плата од 12.000 денари, вели Сања од Радишани.

Статистиката вели дека секој трет граѓанин на Македонија живее во социјална исклученост, односно е сиромашен затоа што не може да ги плати сметките, да купи доволно храна, облека, обувки...да вози автомобил или да оди на одмор една во текот на годината. Седумдесет и четири проценти од Македонците живеат само од плата, 4 отсто од пензија, 16 отсто од пари на сопружникот или на родителите, 3 отсто со помош на кредити, а 2 отсто со пари од странство од роднини.