Сезонава поевтини влезници за во Аква Паркот во Скопје

Со оглед на најавите за тропските температури следната недела скопјани веќе прават планови како и каде да се разладуваат. 

Една од дестинациите кои ги нуди градот е Аква Паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој за посетителите е отворен веќе една седмица.

- Влезниците за оваа сезона значително ги намаливме, со единствена цел содржините кои ги нудиме да бидат достапни за што поголем број на граѓани, информираа надлежните. 

Аква паркот ќе работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот, а еве го овогодинешниот ценовник!