Сезоната на Шкорпиите ќе биде најсреќна за три хороскопски знаци

Шкорпиите се најмистериозниот знак во зодијакот, а нивната сезона почнува на 23 октомври.

Енергијата на Шкорпиите е интензивна, за разлика од Вагите кои се најмирољубивиот знак од хороскопот. Овој период носи силен емоционален интензитет, ранливост и подлабоки интимни односи.

Оваа сезона ќе биде особено среќна за три знаци.

Бик

Вие сте сестрински знак на Скорпиите, а вашата фиксирана енергија ќе биде посилна за време на нивната сезона. Водената природа на мистериозните Шкорпии е совршен додаток на вашиот знак. Сонцето ќе престојува во вашата седма куќа на партнерствата, а ова е време на поврзување со другите луѓе и подлабоки односи со нив. Ќе се чувствувате како многу нешта да се менуваат, а овој пат нема да се плашите од промените туку ќе се насочите кон нив и ќе верувате во себе. Многу Бикови за овој период ќе најдат личност која ќе им одговара целосно.

Рак

Вие сте воден знак како и Шкорпиите и вас воопшто не ве плаши интензитетот што го носи сезоната на Шкорпиите. Сонцето патува низ вашата петта куќа на романсата и задоволствата, што значи дека ќе се нурнете длабоко во емоционалните односи и ќе откривате нови слоеви од себе, но и од оние кои ви значат. Можни се и нови љубовни интереси за овој период, но и одлуки кои се поврзани со љубовта и страста.

Шкорпија

Ова е ваша сезона и време да блеснете, па воопшто не се плашете од тоа. Вашата интензивна природа ќе дојде до израз овој период и ќе се чувствувате свои, но и самоуверени. Сонцето се движи низ вашата прва куќа на вашата личност и така привлекувате внимание околу себе. Ова е магичен период, па време е и да си замислите желба.