Од 21 мај, Сонцето се пресели во знакот на Близнаци, носејќи со себе лесна, ментално активна и разиграна енергија.
Photo by Artem Kryzhanivskyi on Unsplash
Оваа сезона е време за комуникација, учење, движење и нови идеи. Со Сонцето во хармоничен аспект со Сатурн и Нептун, но и во конјункција со Уран, не очекува микс од стабилност и инспирација, одново откриени соништа и иновативни идеи. А тригонот со Плутон дава длабочина на сите овие мисли и разговори – не е само површно, туку носи и трансформација.
Еве што оваа вибрантна сезона носи за секој знак:
Овен
Сезоната на Близнаци го активира твојот сектор на комуникација, учење и кратки патувања. Ќе бидеш поактивен од вообичаено – и ментално и физички. Ќе има многу можности за интересни разговори, нови контакти и идеи што можат да те одведат во сосема нова насока. Искористи ја оваа енергија за да прашуваш, дознаваш, пишуваш или запишеш некој курс.
Бик
По интензивниот период, сега влегуваш во фаза каде ќе се фокусираш на пари, вредности и лична сигурност. Сезоната на Близнаци може да донесе идеи за нови начини на заработка или подобрување на финансиската ситуација. Со Сонцето во хармонија со Плутон, имаш шанса да направиш промени што ќе имаат долгорочно влијание.
Близнаци
Твоето време дојде! Со Сонцето во твојот знак, си во центарот на вниманието. Ќе почувствуваш нова енергија, ентузијазам и желба за движење. Ова е совршен период за да започнеш нешто ново, да се истакнеш или да направиш промена во изгледот. Со поддршката од Уран и Плутон, имаш инспирација и храброст за вистинска трансформација.
Рак
Оваа сезона за тебе е повлечена, но ментално активна. Сонцето патува низ твојот дванаесетти дом, па интуицијата, соништата и потсвеста ќе имаат засилена улога. Време е за внатрешна работа, завршување на нешто што одамна го влечеш, или креативна изолација. Разговор со себеси може да ти донесе најдобрите идеи.
Лав
Близнаци ја будат твојата социјална страна! Ова е време за дружење, вмрежување, учество во групи и проекти. Ќе те привлекуваат луѓе со иновативни идеи, и можеби ќе започнеш нешто заедничко со некој што те инспирира. Ако си имал некоја визија, сега е време да ја споделиш со светот.
Девица
Кариерата и јавниот имиџ добиваат посебна енергија. Со Сонцето во твојот десетти дом, ќе имаш многу идеи и комуникации што може да ти отворат врати. Покажи ја твојата интелигенција и способност да ги поврзеш точките. Ќе бидеш забележан/а поради твојата оригиналност и аналитички ум.
Вага
Твојата желба за ширење на хоризонтите се активира. Ова може да значи патување, нови студии, учење јазик или истражување на различна култура. Инспирацијата доаѓа од неочекувани места – дозволи ѝ. Можеш да напишеш нешто, да подучуваш или пак да се нурнеш во нова духовна пракса.
Шкорпија
Сезоната на Близнаци отвора прашања за интимност, доверба и ресурси. Можеби ќе зборуваш за теми што обично ги чуваш во тишина – но сега тие разговори можат да бидат трансформирачки. Добар период за работа со финансии (особено заеднички), но и за истражување на сопствените длабочини.
Стрелец
Сонцето влегува во твојата спротивна точка – доменот на партнерствата. Ова е време кога фокусот се пренесува на другите луѓе во твојот живот. Ќе има многу разговори, можеби и важни одлуки. Ако си во врска – време е за нова искреност и ментална поврзаност. Ако си слободен/на – неочекувано запознавање е на хоризонтот.
Јарец
Сезоната на Близнаци за тебе значи повеќе обврски, но и повеќе енергија да ги средиаш. Ќе сакаш да бидеш поорганизиран/а, да направиш планови, и да комуницираш подобро со колегите. Исто така, ова е добар момент да внесеш нови навики во твојата рутина – особено такви што стимулираат и тело и ум.
Водолија
Ти си во своја елемент! Оваа сезона носи леснотија, креативност, флерт и радост. Ќе имаш повеќе желба за уметност, игри, љубов и изразување. Ако работиш на некој проект, сега инспирацијата ќе тече. А ако си во потрага по романса – неочекувани искри се многу можни.
Риби
Фокусот ти се префрла на домот, семејството и внатрешната стабилност. Сакаш повеќе време во својот простор или со блиските. Но, не е само пасивна енергија – можно е да добиеш идеи за уредување, преселба или пак разбирање на некои семејни динамики на подлабоко ниво. Внатрешниот мир доаѓа преку искрен разговор.