Сезона на Стрелците: Што им носи на хороскопските знаци?

Во вторник започнува сезоната на Стрелците. 

По долг и емотивен период предизвикан од владеењето на Шкорпиите, ни пристигнува поинаква енергија. Сонцето преминува во овој знак кој е познат како симбол на авантурите, патувањата и мудроста. 

Без оглед на вашиот знак, во следниот месец ве очекуваат нови искуства, нови луѓе и спонтаност. 

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Вие учите нешто ново постојано, а овој период ви носи можност да научите нешто сосема ново, да патувате или пак да направите нешто големо за себе. Сезоната на Стрелците ви носи голем раст и напредок, подгответе се!

Бик

Вам ви е убаво кога работите не се менуваат многу и си живеете во својот свет, но овој месец ќе бидете поттикнати да нурнете длабоко -  да истражувате, да се фокусирате и да го најдете скриеното значење на некои нешта. Најважно од сè, ќе бидете свесни за сопствените чувства и нема да ви биде проблем да ги изразите.

Близнаци

Оваа сезона е во знакот на односите со другите луѓе, а тоа не значи само на полето на љубовта, туку и пријателствата и работата. Секој момент со другите луѓе ќе ви биде квалитетен и корисен бидејќи ќе научите многу нови нешта преку вашите односи со другите. Уживајте!

Рак

Ѕвездите ве повикуваат да го средите својот живот, овој месец. Ослободете се од нездравите навики и мрзеливоста кои не ви се пријател сега. Спијте доволно, одете на прошетки и хранете се поздраво. Ќе бидете изненадени колку тоа добро влијае на вашиот живот.

Лав

Љубов или страст? Се вжештуваат работите овој период, а вам ви е убаво. Ако не сте во врска, ќе запознаете многу нови интересни личности, а ако веќе сте зафатени, ова е период на неверојатна романса и страст со вашата сакана личност.

Девица

Сезоната на Стрелците ќе ве поттикне да се навратите и да се позанимавате со своето минато и вашите корени. Ќе поминете многу време со своето семејство, своите стари пријатели, а можеби и некоја бивша љубов. Како влијае минатото на вас? Какви позитивни искуства паметите? Постојат можности да дојдете до одговори.

Вага

Сезоната на Стрелците ви носи дружење со другите, во дигиталниот простор, но и во живо. Ќе бидете зафатени, но и исполнети и инспирирани од другите луѓе и ќе уживате во секој момент поминат надвор од вашиот дом.

Шкорпија

Дали сте посесивни? Колку споделувате со другите луѓе, а колку криете? Дали имате доволно ресурси кои ви се потребни. Ова е месец кој ќе ви донесе одговори на овие прашања. Фокусирајте се на она што ви е важно. 

Стрелец

Ова е ваша сезона! Време е да блеснете и да бидете во центарот на вниманието. Бидете амбициозни, започнете нови проекти, повикајте ја симпатијата на љубовен состанок, аплицирајте за работата што ја сакате. Секоја ваша желба може да биде исполнета за време на оваа сезона.

Јарец

Минатото се враќа во вашиот живот. Некои стари пријатели, стари работи и проекти, па дури и партнери од минатото. Време е да се соочите со тоа. Ако сакате повторно да им дадете шанса, бидете внимателни. Ако сакате да продолжите напред, ова е време да го направите тоа. Време е да свртите нов лист пред почетокот на вашата сезона.

Водолија

Вие сте најголемата поддршка во вашето друштво. Но, овој месец тоа се менува и вам ви е потребна туѓата поддршка. Ако случајно имате пријатели кои не ви се вистински пријатели, време е да се ослободите од она што не ви е потребно. Доаѓа нов почеток, за сите нови краеви, не се плашете да му кажете збогум на она што не ви служи во животот.

Риби

Сите очи се вперени во вас, драги Риби. Што и да направите -  сите успеси или неуспеси ќе бидат забележани од луѓето околу вас. Тоа е многу притисок, но можете да се соочите со тоа. Ако продолжите со добрата работа, многу лесно би можеле да дојдете до унапредување или покачување.