Сезона на Шкорпиите: Мистериозност, страст и исполнување на целите

Сезоната на Шкорпиите почнува на 23 октомври и завршува на 22 ноември. 

Таа носи можност за продлабочување на односите меѓу луѓето, како на физичко така и на емоционално ниво и завршување на некои важни активности. Знаците кои најсилно ќе ги почувствуваат ефектите од оваа сезона на мистериозните Шкорпии се родените во овој знак, но покрај нив и Биковите и Јарците.

Шкорпиите се знак кој има релативно лоша репутација меѓу љубителите на хороскопот. Тие се сметаат за таинствени личности со специфичен карактер и силна страст. Затоа и нивниот интензитет ќе биде почувствуван во текот на целата сезона на владеење на овој знак. Оваа сезона носи одредена доза на мистерија околу нас, но голем дел од знаците ќе уживаат во тоа.

Но, што можеме да очекуваме во овој период?

Голем дел од од нас ќе почувствуваат силна потреба да се поврзат со другите на подлабоко ниво, а страста во врските ќе биде најсилна. Освен физичката поврзаност, на луѓето ќе им оди лесно да се поврзат преку сериозни и длабоки разговори и да изградат силни односи со другите. Но, Шкорпиите се знак кој е поврзан и со љубомората и трансформацијата, па затоа немојте да мислите дека така лесно ќе избегате од љубовта или пак од љубоморните и посесивни сцени. 

Истовремено, ќе бидеме насочени кон работите кои треба д ги завршиме и ќе се фокусираме на главните аспекти од нашето живеење. Ќе бидеме свесни за одговорностите и дека многу работи зависат од нас овој период.