Сезона на Раковите: Мирна енергија и блискост со најдрагите

Ова е период на луѓето родени во знакот Рак, тој носи мигови на нежност, чувствителност и емоционално поврзување.

Мирниот Рак ќе ве натера да се вратите во домот, да поминете повеќе време со своите најблиски. Тоа е период на грижа за себеси и повлекување во себе. Освен тоа, значи и премин од интензивна енергија кон мирна и спокојна хармоничност. 

Раковите се оние кои водат со своето срце и се длабоко интуитивни. 

Оваа сезона на Раковите посветете се на овие нешта:

  1. Сезоната на Раковите е време да стапите во контакт со своите блиски. Дури можете да почувствувате потреба да се смирите со оние членови од семејството со кои не сте толку блиски. Искористете го времето за да минете убави спомени со оние кои ги сакате.

  2. Декорирање на домот  е уште една активност која можете да ја направите. Најдете инспирација околу себе и бидете креативни. Уредете го просторот според боите кои ги сакате и со вашата енергија. 

  3. Препуштете им се на своите чувства. Дозволете срцето да ве водите. Бидете свои и бидете искрени кон другите. 

  4. Прифатете ја својата фантазија. Искористете го времето за креативност, за уметнички дела и музика и создавање нешто што е ваше. 

  5. Грижете се за себе. Не заборавајте на грижата за себе, опуштете се и следете ја својата интуиција и грижете се за своето ментално и физичко здравје.

Поминете време со деца. Без оглед на тоа дали имате свои деца, дозволете им да ве насмеат, уживајте со нив.