Во тек е сезоната на матурите.
Дотерани од глава до пети, со музика и веселење учениците од последните години од задолижтелното средно образование на последната заедничка дружба.
Матурантите средени и модерни, џебовите на родителите празни! Се почесто одбираат скапи и брендирани парчиња облека и обувки. Колку пари се потребни за една вечер матурантите да изгледаат убаво, а родителите да прослават со најблиските? Некои велат дека поминуваат скромно, но некои даваат многу големо значење на овој еден ден.
500 до 1 000 евра – за некои во просек доволно пари за одбележување на матурската вечер, а за други минимален буџет само за шминка, фризура и фустан. Кај девојките дополнителен трошок се и третманите за разубавување, како средување на нокти, солариум, надградба на коса, накит, тетоважи... Кога на ова ќе се додадат и трошоците за предматурските забави во кафулиња, пари за „афтер парти“ по официјалната матурскат забава, пари за подарок за класниот/класната....
-Мојот син е матурант. Тој за гардероба потроши околу 400 евра. Матурската прослава со роднините и пријателите ќе ја славиме во кафеана. Ќе имаме околу 30 гости. Убаво ни е. Се радуваме дека ова го дочекавме, вели скопјанката Виолета.
-Јас сум матурант. Не се расфрлувам многу. Сакам летово да одам на одмор, па затоа решив да поминам скромно. Нема да славам дома со гости, ќе имам само неколку другарки, вели матурантката Тамара.
-Мене ме чинеше многу оваа матура, но сметам дека тоа е посебен ден кој се памети цел живот. Само фустанот чини 20 000 денари, ама таков сакав... Ќе славиме дома со гости, ќе имаме околу 30 луѓе, вели Елена.
Родителите сакаат се да им дозволат на своите деца, па често се спремни и за да се задолжат за се да помине во најдобар ред.