Сезона на дивиденди! Која акција колкав принос носи?

Kомпаниите кои традиционално и во континуитет секоја година делат дивиденди покажаа отпорност на корона вирусот. Вложувањата во акции на некои од најуспешните домашни акционерски друштва и годинава преку дивидендите покажаа дека се значајно (а и неколкукратно н.з.) подобри инвестиции од чување пари во депозити и штедни влогови.

Пандемијата на корона вирусот нема да ги спречи менаџерите на успешните македонски акционерски друштва и годинава да ја продолжат традицијата и преку расподелба на дивиденда да им изразат благодарност за лојалноста на нивните акционери. Од официјалните податоци достапни преку СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност досега девет компании објавија дека имаат услови да поделат дивиденди. Од нив осум компании имаат предлог одлуки за поделба на дивиденда, а дел од нив веќе и ги завршија формалностите на акционерски собранија, а една компанија доби мислење од Одборот на директори дека може да исплатат дивиденда доколку акционерите одлучат така.

Овој период е добра можност за инвеститорите на берза да направат план за вложување и купување акции од кои ќе имаат дивидендни приноси. Зошто да одберат акции наместо вложување во банкарски депозити? Затоа што приносите од дивиденди се неспоредливо поконкурентни од вложувањата во депозити, кои рака на срце, се посигурна опција.

Што е на понуда?

Компаниите кои досега најавија дека ќе делат дивиденда се следниве: Комерцијална банка, ТТК Банка, Тетекс, Реплек, Алкалоид, Македонијатурист и Рудници Бањани. Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ даде мислење за претстојното акционерско собрание дека може да стави на раслолаѓање 21,6 милиони евра да бидат доделени во форма на дивиденда доколку на акционерско собрание биде даден таков предлог.

Акцијата на Реплек носи дивиденда во нето износ од 3.751 денар за акција и тоа е најголем апсолутен износ на дивиденда по акција од тие што досега објавија дека ќе поделат дивиденда. Тоа е принос од 4,5 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција.

Акцијата на Комерцијална банка пак и покрај тоа што носи 467,5 денари нето дивиденда по акција нудинајголем принос во однос на пазарната цена на акцијата. Во однос на последната пазарна цена постигната вчера приносот е 7,3 отсто.

Акцијата на Алкалоид носи нето дивиденда од 324 денари за акција. Тоа е стапка на принос од 2,9 отсто. Предности на оваа акција иако нема висок принос се следниве: втора најтргувана акција на нашиот пазар, износот на дивиденда расте во контиунитет од година во година исто како и просечната пазарна цена на таа акција. Висока е веројатноста дека заради дејноста е најотпорна на корона вирусот од сите други акции на понуда затоа што произведува лековии медицински средства.

Што е на понуда?

Компаниите кои досега најавија дека ќе делат дивиденда се следниве: Комерцијална банка, ТТК Банка, Тетекс, Реплек, Алкалоид, Македонијатурист и Рудници Бањани. Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ даде мислење за претстојното акционерско собрание дека може да стави на раслолаѓање 21,6 милиони евра да бидат доделени во форма на дивиденда доколку на акционерско собрание биде даден таков предлог.

Акцијата на Реплек носи дивиденда во нето износ од 3.751 денар за акција и тоа е најголем апсолутен износ на дивиденда по акција од тие што досега објавија дека ќе поделат дивиденда. Тоа е принос од 4,5 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција.

Акцијата на Комерцијална банка пак и покрај тоа што носи 467,5 денари нето дивиденда по акција нудинајголем принос во однос на пазарната цена на акцијата. Во однос на последната пазарна цена постигната вчера приносот е 7,3 отсто.

Акцијата на Алкалоид носи нето дивиденда од 324 денари за акција. Тоа е стапка на принос од 2,9 отсто. Предности на оваа акција иако нема висок принос се следниве: втора најтргувана акција на нашиот пазар, износот на дивиденда расте во контиунитет од година во година исто како и просечната пазарна цена на таа акција. Висока е веројатноста дека заради дејноста е најотпорна на корона вирусот од сите други акции на понуда затоа што произведува лековии медицински средства.Се очекува барем уште десетина домашни компании чии акции котираат на берза во следниов период да соопштат дека со дивиденди ќе ги израдуваат своите акционери.