Сезона на Девиците: Сѐ што треба да знаете за овие лојални и вредни дами!

Со оглед на тоа дека почна сезоната на Девиците, одлучивме малку повеќе да го истражиме и анализираме овој хороскопски знак и да дознаеме кои се карактеристиките на жените родени во овој знак. Веднаш може да ви кажеме дека се лојални, снаодливи, грижливи, скромни и прецизни и дека многу сакаат кога сѐ е на свое место и онака како што тие го замислиле тоа. Тие се практични и смирени, сакаат добра организација и планови, но и многу се грижат за луѓето кои ги сакаат. На прв поглед може да делуваат ладно, но во нив живее жена полна со нежност и љубов.

Во продолжение ви откриваме какви се дамите во однос на различни животни „категории“.

Пријатели

Тие многу сериозно ги сфаќаат своите пријателства, а поради нивната наклонетост сѐ да биде совршено, тие ги помнат сите важни датуми, а и сакаат секогаш да ги развеселуваат своите драги личности. Одлични се во давање совети, но тоа не сакаат да го прават самоиницијативно, туку само кога некој ќе го побара тоа од нив. Тие не сакаат големи изненадување, повеќе сакаат мали гестови и внимание.

Љубов

Кога се во прашање врските, тие се многу верни и посветени и лесно можат да се врзат за една личност до крајот на животот, особено ако проценат дека тој човек им одговара во сите аспекти, од разговор до секс. Сакаат подароци, па лесно е да ја разнежните со некоја ситница, како на пример, букет цвеќе, затоа што деталите се многу важни за неа.

Бикови, Близнаци, Ракови, Скорпии и Јарци највеќе ѝ одговараат за остварување квалитетни љубовни врски.

Мода

Тие се сестрани и практични, па затоа сакаат и таков стил на облекување. Сакаат да бидат удобни, но и елегантни. Сакаат пастелни бои и не сакаат прешарена облека. Без накитот и омилените модни додатоци, тие не ја напушаат куќата.

Парфеми

Тие сакаат отмени парфеми, но со освежувачка нота, како на пример комбинацијата меѓу карамела и крушка.