„Севилскиот бербер“ оваа сабота во МОБ

Во сабота, 11 февруари, со почеток во 20 часот, во реновираниот Салон на Македонската опера и балет ќе има изведба на популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини... Авторската екипа е составена од: Диригент, Ѓурѓица Дашиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска , сценограф, Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат и неколку гости: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива: Кристијан Колиа (Италија), Дон Базилио: Делјан Славов (Бугарија), Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски.