Хрватската поп ѕвезда Северина, синоќа настапи во скопскиот локал „ABC by Mosh“. Скопјани уживаа пеејќи ги познатите хитовите на балканската ѕвезда. Цената на билетите за настапот се движеа од 14 до 20 илјади денари, а неофицијално причината за доаѓањето на регионалната ѕвезда во Скопје е прославата на 30 години од основањето на брендот „Пелистерка“.
На социјалните мрежи, таа се пофали со престојот во Скопје објавувајќи фотографии од хотелот „Мериот“ каде таа престојувала и од ресторанот „Воденица“ каде го поминала својот ручек. За изгледот ѕвездата која според многумина е вистинска кралица на сцената, беше задолжен познатиот мејк ап артист - Дадар.
Но настапот на Северина во Скопје беше причина за револт и реакција на скопјани. Вчера дел од улицата Илинденска, во Карпош, беше блокирана и затворена за сообраќај поради настап на хрватската пејачка Северина во скопски клуб кој се наоѓа во близина на средното училиште „Орце Николов“. На семафорите кај „Орце Николов“ полиција ги пренасочуваше возилата во околните улици каде се прави голем сообраќаен метеж.
Настапот предизвика и голем број реакции на социјалните мрежи, твитерџиите реагираа поради фактот дека градот е во сообраќаен хаос и дека надлежните дозволиле поради ваков настап, скопјани да заглават во сообраќаен метеж:
За Северина е огнометот, гостува у Мош, блокираа цел град ради неа матурските поминаа.
— Вампирка (@drakulka143) June 1, 2023