Северина ќе му пее на најбогатиот Македонец

Популарната балканска поп пејачка Северина овој викнед ќе биде во нашата земја, во петок во Штип, а во сабота во Скопје на роденденски забави.

Газдата на штипската винарија Еземит на роденден ја носи Северина да ги забавува гостите во петок, а на најбогатиот Македонец според Форбс, Орце Камчев, Северина ќе му пее во сабота во летниот диско клуб „Привилиџ“ на роденденска забава на Систина.

Популарната Северина кога пее на приватни забави има список на барања како и секоја звезда.

Газдата од Штип ќе треба од скопскиот аеродром да ја земе со џип, на масата каде што ќе седи да има само специјални вина и шампањ „Моет“ и обезбедувачи, а на настапот и двајца кои ќе ја обезбедуваат вратата на собата во која ќе спие.

Неофицијално, сумата која ја побарала, и ќе и биде исплатена била по 30 илјади евра од забава..