Сервисно инфо: Прекини во електро и водоснабдувањето во Скопје

Согласно добиеното известување од ЕВН Македонија АД, денеска (среда) поради планирани техннички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија, без електрична енергија ќе останат:

-од 08:00- 15:00 часот дел од корисниците од село Добри Дол.(општина Сопиште)

- од време од 09:30 – 12:00 часот дел од корисниците од ул. Исаија Маџовски. (општина Ѓорче Петров)

- од 09:00- 14:00 часот дел од корисниците од село Горно Количани.(општина Студеничани) 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска, поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на Качанички Пат 134, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (индустриска зона).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.