Сервисни информации: Делови од Центар без вода, дел од Батинци без струја

ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 - Ноември, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.

ЕВН Македонија, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани.

Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.