Сервисни информации: Без струја делови од околината на Скопје, вода ќе нема една улица

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)

· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)

· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)

· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)

· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба). 

Од скопски Водовод известуват дека денеска (вторник), поради промена на шибер во шахта на ул.Тасино Чешмиче бб (Градинка Кочо Рацин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Тасино Чешмиче.

Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.