Серизоно е оштетен потпорниот ѕид кај Кале, предупредуваат од општина Центар

Екипи на Општина Центар во текот на вчерашниот ден извршија увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеновски на Кале за кој стигнаа укажувања од граѓани дека може да се сруши.

Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои видат од улицата Лазар Личеновски до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД.

-Ингеренции и надлежности во овој случај нема Општина Центар поради што и не смее да постапи, но со оглед на сериозноста на работите Општина Центар испрати допис до Градот Скопје кој согласно надлежностите го повикавме да направи увид и го реши проблемот, известија од општина Центар. 

Оттаму порачаа дека брзата и взаемна соработка меѓу институциите е клучна во решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните.

-Се надеваме на позитивен исход и брза интервенција од градот, додаваат оттаму.