Сериозно предупредување од српски доктор: Невакцинираните може изненадно да умрат во пост-ковид периодот

Во белградската болница во Карабурма капацитетите се исполнети во поголем дел со млади луѓе кај кои корона вирусот предизвикал тешки клинички слики.

-Младите невакцинирани лица кои прележале корона со благи симптоми не смеат да бидат сигурни дека во постоковид периодот нема да дојде до сериозни компликации. Вирусот дефинитивно остава трајни последици, особено на крвните садови, а не постои дијагностика која може да ги види сите оштетувања. И тоа сигурно ќе им го промени квалитетот на живот, а оттаму и изненадна смрт кај пациенти кои прележале корона во последните шест месеци или година дена, вели Д-р Иво Удовичиќ, раководител на ковид болницата во белградскиот регион Карабурма.

Тој за вакцината против корона вели дека е „како панцир во војна“.

Д-р Удовичиќ рече дека во нивната болница починале неколку млади лица кои биле невакцинирани.

-Оние кои завршија на интензивна нега горко се покајаа што не примиле вакцина, но оние кои имаат блага форма на корона вирус се уште дискутираат со нас. За жал за некои е предоцна за вакцина, порача тој.