Септември е најскап месец во годината, но за ајвар и лутеница мора да има пари

Со сигурност може да се каже дека септември е најскапиот месец во година. Децата тргнуваат на училиште, еден куп пари за спремање, студентите ја започнуваат студентската година, каде школарината мора да биде платена. Сите домаќинства се спремаат за претстојната грејна сезона, па оние кои решиле да се греат  на дрва мора да ги набават истите. Сезоната на зимниците е во тек.

Како навлегуваме во месец септември така домаќинките ги прават подготовки за македонските специјалитети. Теглите се измиени, останува да се купат пиперките...

Ајвар, лутеница, пинџур, слатко, мармалад, домашен сок, е само еден мал дел од она што може да се најде речиси во секој подрум во текот на зимата.

Но, како и да, без ајвар не останува ниту едно македонско семејство. Домашен македонски специјалитет, омилен на сите, на секоја генерација.

Домаќинките велат: Без ајварот не може да се замисли нашата трпеза.

Годинава цените се посолени, но за зимница мора да има. Граѓаните сакаат да прават домашен ајвар и да ја продолжат традицијата, додека пак оние кои немаат време сами да го подготват ќе купуваат од маркет.