Септември е мирисот на првите костени, првите топли чорапи...

Септември е крај и почеток.
Ниту лето, ниту есен.
Нешто помеѓу.
Септември е покривање со ќебе, пиење чај пред излегување од дома, закопчана јакна.
Септември се спомените.
Фустаните кои се пакуваат и куферите кои се распакуваат.
Септември е бришење прашина од кутиите и животот.
Септември е топло чоколадо, додека гледаш филм со некој што го сакаш.
Септември е мирисот на првите костени, првите топли чорапи.
Мирисот на ветерот кој носи меланхолија.
Септември е материјал за депресија и филмски животни драми.
Септември е еден чекор од летото и еден чекор до зимата.
Златна средина која потајно ја сакам. И по малку ја мразам.
Септември е разгледница на која пишува: Збогум.