Многу пати досега, преку различни постапки, македонските газди покажаа дека се е еден чуден феномен. Ништо не ги изненадува работниците. Едно им е заедничко на сите, се збогатуваат на грбот на своите работници.

Една несекојдневна објава се појава на Фејсбук деновиве. Скопјанец, кој има околу 40 години, честитајќи му роденден, јавно му се заблагодарува на својот работодавач, а останатите колеги од истата фирма, се надоврзуваат на позитивните коментари. Сепак, ова е една од многуте ретки случувања во денешницата, кога секој се жали, дали од работното место, од платата, од газдата, или пак од работната клима.

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

-Среќен роденден голем човеку. Да останеш цел живот таков, да не дозволиш ништо да те смени. Биди благословен и сакан. Ти заслужуваш многу повеќе. Ти, ни ги отвори вратите на нас, на околу 30 луѓе, ни покажа како да работиме, како да си ја сакаме енергијата. Работиме, даваме се од себе. Заслужно. Добиваме за возврат се што ни следува. Пред се имаме среќа на нашите лица. Благодарение на тебе, благодарене на сите нас. Ние сме едно големо семејство, а ти си нашиот татко. Ќе бидеме многу посилни заедно, ќе ги остваруваме заедно сите цели. Не се предавај, одиме напред. Уште еднаш биди среќен, жив и здрав.

Колегите се надоврзуваат во коментар со честитки и многу пофални зборови. Еден од коментарите кој беше доста воочлив е каде му се заблагодаруваат бидејќи се во својата татковина, блиску до семејствата, со саканите. А не далеку од нив...

Во разговор со овој човек, дознавме дека станува збор за фирма која постои околу десеттина година. Која постојано се зголемува. Работниците се задоволни од условите. Велат дека добиваат се што им следува. Имаат фиксна плата солидна за Македонија, секогаш редовна, а во зависност од тоа колку ќе биде работат успешна во месецот, секогаш добиваат и повеќе. Земаат К-15, и се наградена за секој труд. Редовно имаат тим билдинг патувања, секако платени и покриени од сопственикот на фирмата. Како што велат, досега се нема случено некој да остави работа од таму.

Сепак во Македонија може да се најде и ваков работодавач. Работодавач, каков секој би посакал да има, велат вработените.