Сепак не завршува летото: Доаѓаат пеколни температури

Третата декада од септември месец поточно новата недела која што ни започнува веќе од утре (понеделник) ќе ни донесе температури на воздухот кои ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки од нормалата дури за речиси 10тина степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во текот на следната недела времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

И врнежите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината што значи сушниот период и понатаму продолжува а сето ова е како што кажавме поради активниот Атлантик и ураганите во САД.