Семки од тиква - одлична ужина за подобрување на расположението и релаксација

Тиквите се особено актуелни во текот на есента и зимскиот период, но семките од тиква можеме да ги консумираме во текот на целата година.

Постојат многу причини зошто тие треба да се дел од нашата редовна исхрана. За почеток, семките од тиква се одличен извор на магнезиум, односно една тиква содржи семки кои покриваат 40% од дневно препорачаната доза од овој минерал. За многумина веќе е јасно зошто е важен магнезиумот за нашето тело, но можеме да повториме дека тој ја зголемува енергијата, го подобрува нервниот систем и структурата на коската, а освен тоа помага и за одржување на нормален крвен притисок и помага да се релаксираме. 

За жал, дури 75% од Американците се соочуват со недостаток од овој минерал, а просекот е сличен и на светско ниво. Но, токму семките од тиква се одличен начин да дојдеме до магнезиум, наместо да земаме суплементи. Тие се одлични бидејќи не само што се вкусни, туку можат да бидат одлична ужинка, но и додаток во многу јадења. Можете да ги додадете и во салатите, во утринското смуди и тн. 

Во продолжение ви нудиме рецепт за млеко од семки од тиква кое е одлична замена за кравјото млеко.

Потребни состојки:

½ шолја семки од тиква

2 урми

малку цимет

2 чаши вода

Блендирајте добро додека не добиете хомогена и густа смеса. Додадете го млекото во тегла и имајте на ум дека можете да го консумирате во текот на следните 3-4 дена во различни комбинации.