Семејното насилство во пораст – два нови случаи во Скопје за 24 часа

Два нови случаи на семејно насилство се пријавени вчера во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- На 4 март 2026 година во 10:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.К. (39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 3 март околу 23:30 часот, во дом на подрачјето на Бит Пазар, физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга, се наведува за едниот случај. 

Во вториот случај, исто вчера во 09:00 часот, полициски службеници извршиле службен разговор со И.Б. (49) од Скопје, по пријава дека на 1 март околу 19:30 часот, во дом во Скопје, физички ја нападнал својата 40-годишна поранешна сопруга.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.