
Седумдесет и петгодишна жителка на Велес пријавила во полиција дека била физички нападната од својот сопруг.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 20:00 часот, жената пријавила дека на 31. мај во нивниот дом, по претходна расправија, нејзиниот 78-годишен сопруг физички ја нападнал, при што употребил пластичен и дрвен предмет.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.