
Вчера во 13:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Љ.Н.(53) од Свети Николе.
Од МВР информираат дека 53-годишниот Љ.Н. бил уапсен по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивната ќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.