Семејно насилство во Гостивар: 28-годишник си ја претепал мајката

Утрово бил приведен 28-годишник од страна на полициски службеници, откако претходно си ја претепал мајката.

-Денеска (1 јуни) во 6 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот гостиварец Д.Н., кој претходно бил пријавен од неговата 49-годишна мајка дека во семејната куќа физички ја нападнал, соопшти МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.