Семејно насилство во Ѓорче: Скопјанка натепана од сопругот

43-годишна скопјанка вчера пријавила семејно насилство.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (20.10.2025) во 16:45 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.10.2025 во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Н.(46).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.