Семејно насилство во Аеродром: 46-годишник си ја претепал сестрата

43-годишна скопјанка вчера била истепана од нејзиниот брат, по што случајот го пријавила во полиција.

-На 25.05.2023 во 13.00 часот 43-годишна скопјанка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот брат Т.Т.(46), соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.