Семејни недоразбирања завршија со голема тепачка во Скопје

Семејни недоразбирања завршија со тепачка во Скопје. Како што информира МВР, изутринава во 1.40 часот во полициската станица Бит Пазар било пријавено дека поради семејни недоразбирања на улица „Прохор Пчински“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(28) од Скопје од една страна и А.А.(52), С.А.(47) и Е.А.(27) од Скопје, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.