Семејна драма во Скопје: Сопруг со нож ја избоде сопругата - жената итно пренесена на КАРИЛ

Вчера околу 18 часот и 20 минути, во Скопје, во куќа на улица “Гвадалахара“, сопственост на  65- годишниот С.Х, а во која привремено престојувала 23- годишната С.Б од Скопје со нејзините три малолетни деца, дошол нејзиниот сопруг 26- годишниот Р.Б и по кратка семејна расправија тој со нож и нанел убодна рана во пределот на грбот.

Откако С.Б. успеала да избега во дворот, истиот ја соборил на земја и и задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош. С.Б. е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување, а увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од страна на полициски службеници Р.Б. е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.