Семејна драма во Скопје: Брат и сестра се степале, па меѓусебно се пријавиле во полиција

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 21-годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 23-годишен брат, по што му возвратила.

Во полицискиот билтен се наведува и дека подоцна, во 21:30 часот, 23-годишникот пријавил дека по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 21-годишна сестра, по што ѝ возвратил.

Извршен бил службен разговор со 23-годишникот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.