Семејна драма во Охрид: 27-годишник со остар предмет се заканувал на сестрата, братот и бабата поради нерасчистен долг

Од МВР вчера информираа дека на 19.05.2026, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(27) од Охрид.

Тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна сестра дека, поради должничко-доверителски односи, агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот брат и баба.

Од МВР посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.