Семејна драма во Крива Паланка: Дедото го натепал внукот, па таткото на детето го натепал својот татко

Семејна драма во Крива Паланка резултирала со две пријави во полиција и различни верзии за случувањата.

Како што се наведува во полицискиот билтен, прво синоќа во 21:01 часот во ОВР Крива Паланка, 32-годишна жена од Крива Паланка пријави дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син.

Потоа, пак во 21:20 часот свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син.

Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.