Семејна драма во кичевско село: Нападнатата жена со тврд предмет возвратила и го повредила сопругот

„Семејна драма“ во Кичево. Завчера при расправија жена била нападната од сопругот со тврд предмет. За да се одбрани таа му возвратила со истиот предмет и при тоа го повредила. 

- На 26.03.2026 во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишија од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди, соопштија од МВР за овој случај на семејно насилство. 

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.