Семејна драма кај Бит Пазар: Снаата се жали дека ја тепале двајцата браќа со снаите - снаата се жали дека јатрвата ги натепала неа и золвата

Во МВР вчера пристингале две пријави со различни искази семејно насилство на подрачјето на Бит Пазар.

Како што информираат од таму, вчера во 08:13 часот во СВР Скопје, Н.М.(73) од Скопје пријавила дека околу 02:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во кој што живееле и нејзиниот брат Н.М.(60) и снаа А.М.(42) започнала вербална расправија, а потоа во домот пристигнале и нејзиниот втор брат Р.М. со неговата сопруга и според пријавеното сите физички ја нападнале.

Исто така, како што објавија од МВР, вчера во 15:00 часот, А.М.(42) пријавила дека околу 00:30 часот во домот, по претходна расправија, била физички нападната од Н.М., а потоа откако во домот пристигнале Р.М. и неговата сопруга С.М., Н.М. физички ја нападнала и С.М..