
40-годишниот Д.Г. од Кавадарци доби кривична пријава. Тој ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.
„ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување". Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, се наведува во полицискиот билтен.