Семафорот кој го бараат граѓаните нема да гo реши проблемот со несовесните возачи на градските улици вели Шилегов

Семафорот кој го бараат граѓаните нема да гo реши проблемот со несовесните возачи на градските улици вели Шилегов. Стручните служби разгледуваат какво сообраќајно решение може да се постави на булеварот Србија каде завчера загина  61 жена а 3 годишното внуче беше тешко повредено на пешачки премин. Шилегов тврди дека за булеварот Србија  бил предвиден подземен премин но никогаш не бил направен.

3 годишното девојче по направената операција е во добра здравствена состојба велат лекарите за Сител,  но се уште е на детската клиника. Обвинителство вчера побара анализа на крвта и урината нои денеска не одговорија во каква состојба бил возачот.

Во меѓувреме Шилегов постави мерачи за брзина на булеварите пред 5 средни училишта . Еден од овие апарати е поставен и пред средното Боро Петрушевски во чија близина вчера беше прегазено 16 годишно девојче. Булеварот Александар Македонски е уште една од црните точки во градот но според градоначалникот таму биле поставени сите можни сигнализации.

Шилегов смета дека градот Скопје е безбеден од аспект на она што може локалната власт да го преземе на сообраќајниците. Проблемот тврди  е кај несовесните возачи кои возат брзо и под дејство на алкохол. Инаку вчера се случиле уште две сообраќајни несреќи во градот во кои загина уште едно лице, тројца се повредени меѓу кои еден пешак.